Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Чикаго се пласираше во полуфиналето од источната конференција. Лејкерси ја поведоа серијата со 3-2, додека Орландо ја избегна елиминацијата по триумфот над Атланта.


Биковите предводени од Дерик Роуз (25 п) и Луол Денг (24 п) ги пресокнаа “пацерите“ од Индијана.


Видео : Чикаго- Индијана 118 – 89

 

 Андре Бајнам со 28 поени и Коби Брајант со 19 поени беа најдобрите поединци во триумфот на “езерџиите“ над Њу Орлеанс. Лејкерси повдеоа со 3-2 во серијата.


Видео Л.А. Лејкерс – Њу Орлеанс 106-90

Џејсон Ричардсон со 17 поени беше најпрецизниот во тимот на Орландо, кој со колективна игра ги “спушти“ јастребите на земја избегнувајќи елиминација. Серијата во која “јастребите“ имаат водство 3-2 се сели во Атланта.


Видео: Орландо – Атланта 101-76