Првиот ден од разигрувањето во НБА лигата мина во знакот на Аталанта која и покрај 46 – те поени го совлада Орландо. На останатите натпревари фаворитие забележаа очекувани победи.


Најдобриот тим во лигата Чикаго беше поуспешен од Индијана со 104-99. Роуз со 39 поени ги предводеше биковите до првата победа во серијата.

Видео : Чикаго – Индијана 104 – 99

Големото трио го чува Мајами , кој со ја победи Филаделфија со 97-89. Бош постигна 25 поени , Џејмс 21 додека Вејд уфрли 17.


Видео : Мајами – Филаделфија 97-89

Аталанта го победи Орландо со 103-93 и го припеди најголемото изненадувања во првата рунда од Источната конференција. Хаувард уфрил 46 поени кои не беа доволни да се скротат “јастребите“.

Видео : Орландо – Аталанта 93-103

На единствениот натпревар во Западната конференција , Далас предводен од Новитцки (28п, 10 ск) и Џејсон Кид (24п.) ги совлада Портланд со 89-81.

Видео : Далас – Портланд 89-81

Вечерва играат : Бостон (3) – Њу Јорк (6), Сан Антонио (1) – Мемфис (8), ЛА Лајкерс (2) – Њу Орлеанс (7), Оклахома (4) – Денвер (5)