Лос Анџелес Лејкерс без Коби Брајант во составот беа немоќни да му се спротистават на разиграниот Сан Антонио. “Мамузите“ на четвртиот натпревар славеа победа 103-82 и со чисти 4-0 се пласираа во следната фаза.


Најтрофејниот клуб во НБА лигата, Бостон Селтикс се фати за сламка спас откако во четвртиот натпревар ја забележа првата победа 97-90 и намали на 3-1.


Резултати : Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 203-82 (4-0), Бостон – Њујорк 97-90 (1-3), Мајами – Милвоки 88-77 (4-0), Голден Стејт – Денвер 115-101 (3-1).

Мх.П.