Кошаркарите на Бруклин Нетс поведоа со 2-0 во дуелот со Милвоки, победувајќи во вториот натпревар од серијата со 125-86. Почетно водство обезбеди и Феникс Санс, кој славеше во првиот меч со Денвер Нагетс со 122-105.

„Мрежичките“ дилемите околу победникот ги решија во првиот квартал кој го добија со високи 36-19. Бруклин во продолжението ја зголемуваа разликата и на крајот достигна неверојатни 39 поени. Феникс, пак, со маестрална игра во третиот и четвртиот квартал ја отворија серијата со победа. „Сонцата“ во третиот квартал обезбедија двоцифрена предност, а во четвртата потврден беше триумфот.

  • Резултати:

Бруклин – Милвоки 125-86 (2-0)

Феникс – Денвер 122-105 (1-0)

OhridNews