Супер ѕвездата Кевин Дурант го одбележа триумфот на Бруклин Нетс во дербито со Денвер Нагетс со 122-116. Дурант мечот го заврши со 34 поени, што беше доволно да напредува од 31-то на 28-то место на вечната поентерска листа во НБА лигата.

Дурант вкупно има 23.179 поени, а на листата ги помина  Елгин Бејлор (23.149), Двејн Вејд (23.165) и Адријан Дантли (23.177). Следен предизвик за кошаркарот на Бруклин ќе биде Роберт Периш, кој има постигнато 23.334 поени.

Лидер по број на поени во НБА е Карим Абдул-Џабар со 38 387 поени. Најблиску до него од активните кошаркари е Леброн Џејмс (3. место, 34.531). 

  • Резултати:

Филаделфија – Мајами 137-134, Бруклин – Денвер 122-116, Кливленд – Јута 87-110, Хјустон – ЛА Лејкерс 100-117, Оклахома – Сан Антонио 102-112, Голден Стејт – Индијана 95-104

OhridNews