Легендарниот кошаркар Чонси Билапс откри една непоправлива грешка на Детроит Пистон, каде настапуваше шест сезони (2002-2008) и успеа да ја освои титулата во НБА лигата. Клубот на драфтот во 2003 година имал опција да ангажира еден од десетте најдобри кошаркари кои требале да пристигнат во НБА. „Пистонси“ го одбраа Дарко Милиќиќ, а помеѓу опциите биле Двејн Вејд и Кармело Ентони.

Управата да го одбереше Ентони или пак Вејд ќе освоевме уште некоја титула. – изјави Билапс.

После ваквата изјава, сее огласи и Ентони кој рече дека Билапс е во право и екипата ќе била многу поквалитетна и подобра ако тој место Милиќ се преселел во Детроит.

Детроит до единствената титула во тој период стигна во 2004 година кога во финалето со 4-2 го совлада Лос Анџелес Лејкерс. Во петорката на „пистонси“ покрај Билапс играа уште Рашид Волис, Бен Волис, Тајшон Принс и Ричард Хамилтон.

OhridNews