Кошаркарите на Далас се првите финалисти во големото финале од НБА лигата. Во финалето од западната конференција “маверикс“ ги совладаа со 4:1 Оклахома Тандер.

 

Шон Мерион (26 п. 8 ск.) и Дирк Новицки (26 п. 9 ск.) го предводеа квартетот кошаркари кои постигнаа двоцифрен број на поени, Џеј Џеј Бареа (14 п. 5 ас.) и Џејсон Тери (12 п.), додека Џејсон Кид оствари само два поени, но имаше 7 скокови и 10 асистенции.

 
За “телињата“ ова е втор обида да стигнат до шампионскиот прстен. Во 2006 година играа во финалето каде беа поразени од Мајами со 4-2.

Видео : Далас  – Оклахома 100-96