Сан Антонио ја забележа третата победа во финалната серија од западот совладувајќи го Мемфис по продолженија 104-93 (86-86).


“Мамузите“ втор пат во финалето од западот го победуваат Мемфис по дополнителните пет минути, и тоа втор пат јунак е Тим Данкан.

Корпулетниот центар ги постигна првите пет поени за екипата во продолженијата во неговиот тим донесе мир, а “мечките“ ги дестабилиразираше и го претрпеа третиот пораз, прв на домашен терен во завршницта.

Никој досега во разигрувањето од НБА лигата не надохнадил негатива од 3-0, затоа избраниците на Грег Попович се на чекор од петто финале во неговата ера.


Мх.П.