Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го дуплираа водството на 2-0 во финалната серија против Денвер на западот. „Езерџиите“ во вториот меч славеа со тесни 105-103.

Човек на одлука беше Ентони Дејвис кој за победа погоди со звукот на сирената. Дејвис добро се ослободи од противничкиот играч и со прецизен удар му пресуди на Денвер.

Дејвис со 31 поен го презеде приматот најдобар стрелец, а зад него во тимот на Лејкерс беше Леброн Џејмс со 26 кошеви. Кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 30 поени.

OhridNews