Кошаркарите на Филаделфија обезбедија прво водство во полуфиналната серија од истокот со Атланта, победувајќи во третиот натпревар со 127-111, додека Денвер се соочува со елиминација претрпувајќи трет пораз од Феникс. „Сонцата“ славеа со 116-102 за водство од 3-0.

„76-ките“ до триумфот на гостински терен кај Атланта стигнаа со маестрална игра во третиот квартал во кој обезбедија предност од 15 поени (34-19). „Јастребите“ не успеаја да се вратат во игра и го претрпеа вториот пораз во серијата, а прв на домашен терен.

Феникс е најблиску до пласман во полуфиналето на западот, откако „сонцата“ и во третиот натпревар го најде лекот за „нагетси.“ Феникс неможеше да се справи со Никола Јокиќ кој запиша трипл дабл учинок (32 поени, 20 скокови и 10 асистенции), но ги „затвори“ сите други кошаркари. Кај Феникс најефикасен беше Букер со 28 кошеви.

  • Резултати:

Атланта – Филаделфија 111-127 (1-2)

Денвер – Феникс 102-116 (0-3)

OhridNews