Бостон го совлада Мајами како гостин со 94-90 и поведе со 3-2 во финалната серија од источнат конференција. Првата меч топка за пласман во финалето “детелините“ ќе ја имаат на домашен терен.

Кевин Гарнет со 26 п и 11 скока, го предводеше тимот до победата. Пол Пирс пиродаде 19, вклучувајќи ја и тројката во последната минута кога се “кршеше“ резултатот.

Мајами кој беше во предност во најголемиот дел од мечот беше предводен од Ле Брон Џејмс 30п, Вејд  уфрли 27, но немаа помош од останатите по што поразот беше неминовен. На теренот за прв пат во серијата истрча Бош кој одигра само 12 минути во кои имаше 9 поени и 7 скока.


Видео : Мајами – Бостон 90-94