Леброн Џејмс и дружината со убедлива победа над Торонто (115-84) поведоа со 1-0 и ја отворија финалната серија на источната конференција.


„Коњаницата“ максимално ја искористи предноста на домашен терен и четирите денови повеќе за одмор играјќи фуриозен натпревар од првата до последната секунда.

„Рептилите“ немаа одговор за агресивната одбрана и разиграниот напад предводен од тандемот Леброн Џејмс – Кајри Ирвинг кои заедно искомбинираа 51 поен.


Во тимот на Кливленд сите 13-ет кошаркари добија шанса и само двајца не се запишаа во листата на стрелци што говори за разноврсноста во играта во првиот меч.

Де Розан со 18 поени и Бијомбо со 12 кошеви беа најрасположени кошаркари во гостинскиот состав за игра што беше премалку за нешто повеќе во Кливленд.

OhridNews