Најголемата ѕвезда во НБА лигата, Леброн Џејмс, ја отфрли можноста за време на ’Ол стар’ викендот за учествува на натпреварот во забивање.


Во минатото навистина сакав да учествував на натпреварот во забивање. Меѓутоа на ’Ол стар’ викендите доаѓав повреден и не сакав да ризикувам сериозни повреди. Сега сум премногу сум стар за да се натпреварувам во забивање“, изјавил Џејмс.

Титулата на натпреварот на сите ѕвезди, кој во февруари 2013 година ќе се одржи во Хјустон, ќе ја брани играчот на Јута, Џереми Еванс.

„Јас не сум еден од оние момчиња кои се натпреваруваат во забивање, сигурен сум дека би загубил од Еванс“,
дополнил Џејмс.

Натпреварот во забивање, во изминатите неколку години целосно ја загуби атрактивноста, откако најголемите ѕвезди започнаа да ги одбиваат поканите за учество.

Кевин Дурент, на последниот ’Ол стар’ викенд, кој се одржа во Орландо, на својот Твитер профил напиша: “Време е леброн Џејмс, господинот Вестбрук и господата Роуз и Двејн Вејд да започнат за се натпреваруваат во забивање“.

“Макфакс“