Словенскиот кошаркар Лука Дончиќ продолжува со импресивните партии во дресот на Далас во НБА лигата. Дончиќ го одбележа синоќешниот меч помеѓу Далас и Голден Стејт запишувајќи трипл дабл зад своето име.

Словенецот постигна 30 поени а додаде уште 11 асистенции и 10 скокови. На Дончиќ му требаа нецели 26 минути игра за остварување на трипл дабл со 30 поени што претставува нов рекорд во НБА лигата.

Далас со скор 9-5 се наоѓа на средината од табелата додека Голден Стејт со 3-13 е последен во западната конференција.

OhridNews