И во 34-от натпревар во низа Кеви Дурант успеа да ја надмине границата од 25 поени. Тој на мечот Торонто – Оклахома не само што ја надмина границата туку постигна 51 кош во трогателната победа извојувана со тројка на една секунда до крај.

Ваков низ имаше еден и единствениот Мајк Џордан, кој на 41 натпревар во серија постигнуваше најмалку 25 поени, а „дурентела“ е на добар пат да го стигне. Покрај брилијатната вечер со поените Дуант на своето конто имаше 12 скокови и седум асистенции.

Екипата на Њу Орлеанс стави точка на победничката серија на Атланта откако пред своите гледачи ги скроти „јастребите“ победувајќи ги 111-105. Перо Антиќ за 28 минути на теренот реализираше 14 поени, а додаде уште шест скока и три асистенции.

Мх.П.