Кошаркарот на Оклахома, Кевин Дурент и во 40-ет натпревар во низа постигна повеќе од 25 поени и успеа да го израмни рекордот на Мајкл Џордан стар 17 години.

Дурент 28 поени реализираше во поразот од Хјустон, но сепак вечерта помина во знакот на несекојдневниот рекорд на предводникот на „громовите“.

Екипата на Атланта каде настапува Перо Антиќ забележа победа над Кливленд 117-98, а македонскиот интернационалец постигна шест поени, пет скока и една асистенција за 18 минути на теренот.

Мх.П.