600 македонски иселеници во Торонто му приредија величенствен пречек на Перо Антиќ, кој поради повреда не настапи на дуелот меѓу Торонто – Атланта 104:83.

При пристигнувањето во Торонто, Антиќ оствари средба со Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски кој му пренесе искрени поздрави во името на македонската заедница во Канада и му посака побрзо заздравување и продолжување на одличната промоција што лично тој ја прави во САД, Канада и остатокот на светот.
„Макфакс“











