Кошаркарите на Феникс Санс ја забележаа втората победа во пресметка со Денвер Нагетс, триумфирајќи во натпреварот број два со 123-98. „Сонцата“ со новиот триумф поведоа со 2-0 и се најдоа на половина пат од пласман во финалето од западната конференција.

Феникс комплетно го одбележа натпреварот, добивајќи ги сите четири квартали. „Сонцата“ првата четвртина ја добија со 25-21, втората 27-21, а третата и четвртата со 34-25 односно 37-31, за убедлива победа од 25 поени разлика.

Најпрецизниот кошаркар на натпреварот дојде од Денвер, а тоа беше МВП играчот Никола Јокиќ кој уфрли 24 поени. Во Феникс најефикасен беше Букер со 18 поени, а еден помалку постигна Пол.

OhridNews