Чикаго Булс и Бруклин Нетс во седмиот натпревар ќе решаваат кој ќе ја мине првата фаза од плеј офот во НБА лигата. Во шестиот меч Бруклин триумфираше со 95-92 и се избори за “мајсторка“.


Тоа Голден Стејт не им го дозволи на кошаркарите на Денвер и во шестиот натпревар стигнаа до четвртата победа. “Воините“ забележаа тесна победа од 92-88 и го елиминираа Денвер.


Резултати : Чикаго – Бруклин 95-92 (3-3), Голден Стејт – Денвер 92-88 (4-2).

Мх.П.