Сан Антонио и Њујорк серијата победи ја продолжија на гостински терен. Овие два тима по три одиграни средби во разигрувањето имаа предност од 3-0.


Лос Анџелес Лејкерс без Коби Брајант во составот се подпросечна екипа. “Езерџиите“ на првиот натпревар пред своите гледачи во серијата со Сан Антонио претрпеа убедлив пораз од 120-89 и имаат огромна негатива од 3-0.


Резултати : Сан Антонио – Л.А. Лејкерс 120-89 (3-0), Њујорк – Бостон 90-76 (3-0), Голден Стејт – Денвер 110-108 (2-1).