Легендардниот кошаркар Грент Хил ќе му биде тренер на Перо Антиќ на „Ол старот“, кој ќе се одржи во Њу Орлеанс од 14 до 16 февруари.
Покрај Антиќ во тимот на Хил се наоѓаат Дамјан Лилард, Бредли Бил, Андре Друмонд, Харисон Бернс, Теренс Џонс, Антетокоунпо, Јонас Валанчиунас и Дион Вејтерс.
Останатиот тим од „зведите во подем“ ќе го води Крис Вебер, а во него се Ентони Дејвис, М. Картер-Вилијамс, Тим Хардевеј Јуниор, Треј Бурк, Жарид Сулингер, Мејсон Плумле, Виктор Оладипо, Стивен Адамс, Кевин Олунук.
Грент Хил своевремено настапуваше за екипите на Детроит Пистонс шест години потоа беше дел од Орландо Меџик седум сезони, пет во Феникс Санс, а кариерата ја заврши во Лос Анџелес Клиперс.
Крис Вебер кај верните љубители на кошарката остана запаметен како дел од тимот на Сакраменто Кингс, кој пленеше со својата разноврсна и забавна игра.
Мх.П.