Екипата на Оклахома Тундер доживеа голем удар во амбициите за титулата сезонава во НБА лигата. Поради повреда до крајот од сезоната на распологање тренерот на “громовите“ ќе го нема Расел Вестбурк.

Инзводредниот бек повредата на коленото ја заработи на вториот натпревар со Хјустон, кој го добија со 105-102 и за прв пат во неговата кариера ќе пропушти натпревар во НБА лигат.

Во отсуство на Вестбурк дирегентската палка комплетно ќе ја преземе Кевин Дурент, кој сезонава заврши на втората позиција во листата на стрелци. Оклахома по двата натпревари со Хјустон има предност од 2-0, а серијата се сели на теренот од “рекетите“.

Мх.П.