Оклахома со победата пред своите гледачи над Сан Антонио 105-92 го изедначи резултатот 2-2 во финалната серија на западот.

Меч за паметење одигра Расел Вестбурк постигнувајќи 40 поени, девет помалку реализираше Кевин Дурент, а ниту еден друг играч на „громовите“ немаше двоцифрен број на поени.

Петтиот натпревар се игра на теренот од „мамузите“ кои испуштија предност од 2-0 во серијата.

Мх.П.