Екипата на Оклахома поведе со 1:0 во финалната серија од НБА лигата, откако во воведниот меч пред своите навивачи го совлада шампионот на истокот Мајами со 105:94.
Тандерс ги предводеше Кевин Дурант кој уфрли 36 поени, а имаше и 8 скока и 4 асистенции. Кај „жешките најефикасен беше Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 30 поени.
Вториот натпревар од финалната серија исто така се игра во Оклахома.
Видео : Оклахома – Мајами 105-94
фото: nba.com