Екипата на Бруклин Нетс формираше пеколно трио, откако на Кевин Дурант и Кајри Ирвинг во составот го доведоа Џејмс Харден.

„Брадата“ кај „мрежичките“ заврши во мега трампа на кошаркари, помеѓу Хјустон Рокетс, Бруклин Нетс и Кливленд Кавалирс.

„Рекетите“ се засилија со Керис Леверт, Данте Егзам, Родион Курукс и четири пикови од прва рунда, а „кавалирси“ ги добија Џерет Ален и Торин Принс.

Харден од почетокот на сезонава изрази желба за заминување, затоа што не беше на иста бранова должина со новата управа, која само што дојде во клубот го промена долгогодишниот тренер, Мајк Д`Антони.

OhridNews