Кошаркарите на Мајами Хит, со 100-96 ја совладаа Оклахома и го израмнија резултатот во финалната серија во НБА лигата на 1:1.

Леброн Џејмс со 32 поени, 8 скока и 5 асистенции беше прво име кај
победникот, каде уште тројца играчи реализираа двоцифрен број на поени:
Двејн Вејд 24, 6 скока и 5 асистенции, Крис Бош 16 поени и 15 скокови и
Шејн Батие 17 поени.

Во поразот на Оклахома подобри од останатите беа Кевин Дурент (32
поени), Расел Вестбрук (27 поени, 8 скока, 7 асистенции) и Џејмс Харден
(21 поен).

Серијата сега се сели во Мајами, каде со сигурност ќе бидат одиграни три
натпревари, првиот на програмата е во ноќта помеѓу недела и понеделник.

Видео : Оклахома – Мајами 96-100