Кошаркарите на Бостон Селтикс го израмнија резултатот против Мајами Хит на 2:2, во финалната плејоф серија во источната конференција. Бостон во четвртиот натпревар забележа победа, по дополнителните пет минути со 93:91. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат од 89:89, откако Џејмс со тројка која ја постигна на 37 секунди до крајот.

Бостон до победата го предводеше големата четворка: Пол Пирс (23 поени), Кевин Гарнет (17 поени и 14 скока), Реј Ален (16 поени) и Режон Рондо (15 поени и 15 асистенции).

Најефикасен кај Мајами беше Џејмс со 29 поени, 6 скока и 7 асистенции, Вејд реализира 20 поени, а имаше и 7 скока, 6 асистенции, додека Удонис Хаслем заврши со 12 поени и 17 скока.

Видео : Бостон – Мајами 93-91