По триумфот над Орландо кошаркарите на Атланта забележаа уште една победа на Флорида совладувајќи го вицепрвакот Мајами со 93-91.


До рекордната 47-та победа сезонава „јастребите“ стигнаа без услугите на Перо Антиќ, Џеф Тиг, Ал Хорфорд и Демар Керол откако тренерот им даде „слободен ден“.

Пол Милсап ја предводеше Атланта до 47-та победа во сезоната со 22 поени, Денис Шредер имаше учинок од 16 поени и 10 асистенции а Кент Бејмор постигна 15 поени.

На спротивната страна Двејн Вејд постигна 22 поени, а Хасан Вајтсајд имаше учинок од 14 поени и 24 скока.

Ohridnews