Бранителот на титулата во НБА лигата, Голден Стејт се наоѓа на победа од пласман во финалето од Западната конференција откако во четвртиот меч го совлада Портланд со 132-125 за водство (3-1).
„Воините“ до третата победа во серијата подобар до четири стигнаа после дополнителните пет минути откако регуларниот дел од мечот заврши 111-111.
Во продолжението вистинско шоу имаше старо-новиот најкорисен играч во НБА лигата, Стеф Кари кој постигна 17 поени од вкупните 21 на Голден Стејт во дополнителните пет минути.
Неговиот учинок во продолжението е нов рекорд во мечевите од плејофот од НБА лигата, а инаку Кари вкупно реализираше 40 поени на натпреварот.
Одново, Кари имаше поддршка од Томпсон и Грини кои заедно искомбинираа 44 кошеви. Во поразениот состав Лилард се истакна со 36 поени, а Мекколум реализираше 26.
Шанса за заверка на пласманот во финалето „воините“ ќе имаат во петтиот натпревар од серијата кој го играат на домашен терен.
Резултати: Мајами – Торонто 94-87 (1-0), Голден Стејт – Портланд 132-125 (3-1).
OhridNews