Македонскиот интернационале во НБА лигата, Перо Антиќ и Винс Картер имаа спротивни улоги во натпреварите за Атланта односно Далас во првата рунда од плејоф серијата. На 1.7 секунди од крајот на мечот меѓу Далас и Сан Антонио, Картер погоди за три поени што значеше триумф за „маверикси“ наспроти Антиќ, кој не успеа да го реализира обидот за три со кој ќе обезбедеше дополнителни пет минути за „јастребите“ во дуелот со Индијана.
Резултати : Индијана – Атланта 91-88 (2-2), Далас – Сан Антонио 109-108 (2-1), Мемфис – Оклахома (2-1).
Мх.П.