Еден од главните фаворити за освојување на златниот прстен во НБА Лигата, Лос Анџелес Клиперс неочекувано доживеа елиминација уште во првата рунда од Мемфис (4-2).


Клиперси одлично ја започна серијата со две победи, но повредата на Блејк Грифин драстично ја забави колата која беше на правиот пат. “Гризлите“ победија во четири меча во низа и обезбедија пласман во понатамошната фаза.


Со елиминација во првата рунда се соочија уште Бостон, Хјустон и Атланта.

Резултати : Л.А. Клиперс – Мемфис 105-118 (2-4), Њујорк – Бостон 88-80 (4-2), Индијана – Атланта 81-73 (4-2), Оклахома – Хјустон 103-94 (4-2).

Мх.П.