Раководството на НБА-лигашот Лос Анџелес Клиперс е близу до потпишување договор со Чонси Билапс и Лери Дру за помошници на главниот тренер Тајрон Лу.

Лу го наследи Док Риверс како главен тренер на Клиперс, кој доби отказ откако тимот беше поразен од Денвер во второто коло од плејофот (3-4).

Билапс (44), кој е петкратен учесник на Ол стар и МВП на финалната серија 2004 година, играше за Клиперс од 2011 до 2013 година.

62-годишниот Дру претходно работеше како асистент на Лу во Кливленд, а исто така служеше и како привремен главен тренер за време на неговото отсуство поради болест во текот на сезоната 17/18.

OhridNews