Седми натпревар, популарен како „мајсторка“ ќе одлучува за победникот во серијата помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Далас Маверикс. „Клиперси“ беа на работ од елиминација, но со триумфот (104-97) во шестиот натпревар се вратија во игра за пласман во следната рунда.

Кошаркарите на ЛА Клиперс победа ја обезбедија со маестралната игра во последниот квартал. „Клиперси“ завршните 12 минути ги решија со 31-20 во своја корист, што беше доволно за конечна победа. Претходно, „телињата“ во трите четвртини остварија предност од четири поени.

Фантастичен натпревар во дресот на ЛА Клиперс одигра Каваи Ленард кој уфрли 45 поени, а на спротивната страна Лука Дончиќ реализираше 29 кошеви.

Седмиот натпревар на програмата е рано наутро недела кон понеделник.

OhridNews