Екипата на Лос Анџелес Клиперс ги комплетираа учесниците во втората рунда од плејофот во Супер лигата, победувајќи го Далас Маверикс со вкупен резултат 4-3. „Клиперси“, решавачката победа во серијата ја забележаа во седмиот натпревар, кој го добија со 126-111.

За „телињата“ залудни беа 46-те поени на Лука Дончиќ, кој немаше поддршка од соиграчите во „мајсторката“. Следен на поентерската листа беше Смит Фини, додека кај „клиперси“ четири кошаркари запишаа ефект над 20 поени. ЛА Клиперс во втората рунда ќе се сретне со Јута Џез.

Почетно водство во сериите од втората рунда обезбедија Бруклин кој со 115-107 го совлада Бостон и Атланта која со 128-124 славеше на гостувањето кај Филаделфија.

  • Резултати:

Бруклин – Бостон 115-107 (1-0)

Филаделфија – Атланта 124-128 (0-1)

ЛА Клиперс – Далас 126-111 (4-3)

OhridNews