Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант кој во јануари месец оваа година трагична загина во хеликоптерска несреќа заедно со уште седум финалисти ќе бидат примени во Куќата на славните во НБА лигата.

Покрај Брајант во Куќата на славните место ќе има за Тим Данкан, Кевин Гарнет, Еди Сатон Руди Томјановиќ, Тамика Кечингс, Ким Малки и Барбара Стивенс.

Брајант, Данкан, Гарнет и Кечингс прв пат се во финалето за приме во Куќата на славните додека останатите позади себе имаат неколку неуспешни обиди. Номираните треба да добијат минимум 18 гласови од 24 делегати кои гласаат во финалето. Резултатите минативе години се соопштуваа на завршниот турнир од развојната кошаркарска лига во НЦАА лигата. Но оваа година завршниот турнир и церомонијата се одложени поради пандемијата на коронавирусот.

Коби Брајант вкупно 18 пати во кариерата беше дел од Ол стар викендот, пет пати ја освојуваше титулата, во два наврати беше најдобар стрелец а во 2007 и 2008 година беше одбран за најдобар кошаркар во лигата. Данкан на Ол стар викендот учествуваше 15 пати, освои пет титули и три пати беше прогласуван за најдобар кошаркар во финалната серија. Гарнет има 15 учества на Ол стар натпреварите и има една титула.

OhridNews