Коби Брајант уште некое време ќе биде отсутен од кошаркарските терени, откако лекарскиот тим на ЛА Лејкерс констатирал дека повреденото колено сеуште не е доволно здраво за да може да ги издржи напорите во НБА лигата.

Инаку, најдобриот играч на ЛА Лејкерс, по долгата пауза поради операцијата на Ахиловата тетива, во декември минатата година се врати на терените, но на 19,декември го повреди коленото, поради што повторно замина на рехабилитација.
Лејкерси без Брајант се сосема друг тим, тие во моментов имаат негативна серија, откако забележаа порази на 17 од последните 20 натпревари. ’Езерџиите’ се наоѓаат на последното место во Западната конференција, последен пат такво нешто им се случило во 1974 година.
Кој ќе го замени Брајант во петорката на Западната конференција, ќе реши заменикот на комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.
„Макфакс“










