Коби Брајант во голем стил со 60 постигнати поени на мечот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Јута Џез (101-96) со прости од кошарката.
Сигурно, НБА лигата без „црната мамба“ нема да биде иста, а тој најдоброто од себе го остави за крај.
Секој постигнат поен на Коби Брајант беше бурно прославен во Стејплс Центар, а простувањето траеше исто колку и натпреварот.
– Неможам да верувам. Поминаа точно 20 години и останавме со Лејкерс заедно. Имавме успони и падови, но важно е што не се разделивме. – изјави Коби и додаде. – Горд сум на годините поминати во Лејкрес. Исто така горд сум на тоа што никогаш со клубот не бегавме од проблемите туку ги решававме како што доаѓаа. Ви благодарам за целата поддршка во текот на кариерата.
За одбележување во последната рунда од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата е победата и на Голден Стејт со која го срушија рекордот на Чикаго Булс предводен од Мајкл Џордан.
OhridNews