Кошаркарите на Кливленд ја забележаа и втората победа во полуфиналната серија на Истокот со Атланта совладувајќи го ривалот со убедливи 123-98.
„Коњаницата“ максимално со две победи во два натпревари ја искористи предноста на домашниот терен и зачекори кон финалето од Источната конференција.
Сите дилеми околу победникот домаќините ги разрешија во првиот дел во кој постигнаа неверојатни 74 поени, а примија само 38. Второто полувреме беше чиста рутина за Кливленд кој без поголеми проблеми успеа да ја задржи предноста.
Леброн Џејмс постигна 27 поени, Џеј Ар Смит реализираше 23, Кајл Ирвинг 19 кошеви, а речиси сите кошаркари кои добија шанса го погодија кошот на противникот.
OhridNews