Блокадата на Џерет Ален на Леброн Џејмс на стартот од натпреварот го одбележа дуелот помеѓу Бруклин Нетс и Лос Анџелес Лејкерс. „Кралот на кошарката“ како што го нарекуваат Леброн беше спуштен на земја од 20-годишниот Ален при обид за „забивање“.

Победата им припадна на „мрежичките“ кои со 115-110 славеа против „езерџиите“ и забележаа нова победа во НБА лигата.

OhridNews