Мајами Хит со минимална победа 103-102 по продолженија ја отвори финалната серија против Индијана на источната конференција.


За триумфот најзаслужен беше Леброн Џејмс, кој имаше трипл дабл учинок (30 поени, 10 скока, 10 асистенции) вклучувајќи го победничкиот кош со звукот на сирената.


Покрај “кралот Џејмс“ расположен за игра во составот на “жешките“ беше Вејд, кој постигна 19 поени. На спротивната страна јалови беа 53 кошеви кои ги искомбинираа Вест и Џорџ.

Мх.П.