Натпреварите во НБА лигата, како и во сите спортски манифестации во светот се прекинати поради ширењето на коронавирусот. Се уште не е познато дали и кога ќе продолжи НБА лигата. Најпопуларниот кошаркар во САД, Леброн Џејмс поддржува било какво решение, а е против мечевите да се играат без публика.

Без публика нема ништо. Нема радост, нема солзи. Не постои мотив кај играчите. Едноставно, не сакам да замислам да играм без публика. – рече Џејмс.

НБА лигата прекина да се игра на 11 март, кога беше официјализиран првиот позитивен случај на коронавирусот. Позитивен на тестот беше Руди Гобер од тимот на Јута. Потоа, случаи со коронавирусот пријавија екипите на Бруклин, Денвер, Филаделфија и Лос Анџелес Лејкерс, каде настапува Леброн Џејмс.

OhridNews