Со четири поени во последните 22 секунди Перо Антиќ беше најзаслужен за победата на Атланта против Орландо Меџик 112-109.

Раката на Антиќ не затрепери во последните мигови кога во два наврати беше на линијата од слободни фрлања. Тој со тие четири поени стигна до десет и со 12 скокови забележа „дабл дабл“ учинок.

Атланта влезе во победничка серија. Претходно го совлада актуелниот првак, Мајами, а следни жртви беа магичните.

Мх.П.