Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и Атланта Хоукс стигнаа до третата победа во НБА сезонава откако го совлада Орландо со 104-94.
Иако Антиќ постигна два поени за 18 минути минати на паркетот, тој својот допринос во победа го даде со играта во одбрана. Тој успеа да го запре центарот на Орландо, Никола Вучевиќ, кој уфрли само седум поени.
Во следниот меч од НБА лигата „јастребите“ ќе се сретнат со Шарлот.
Мх.П.