Бранителот на трофејот во НБА лигата, Мајами Хит и Мемфис Гризлис се првите екипи кои обезбедија пласман во конференциските финалиња.


“Жешките“ со 4-1 го елиминираа Чикаго Булс додека “гризлите“ неочекувано со идентичен резултат ги преслушаа кошаркарите на Оклахома кои важеа за фаворити сезонава.


Мемфис во финалето на западот ќе се сретне со победникот од дуелот Сан Антонио – Голден Стејт (3-2), а Џејмс и дружината со подобриот од средбата Индијана – Њујорк (3-2).

Мх.П.