Мајами и Оклахома ја мина првата пречка, во живот остана Сан Антонио кој ја избегна елиминацијата.


Двејн Вејд постигна 26 поени, Марио Шалмерс погоди шест тројки и Мајами за победа над 76-те и со 4-1 ја добија серијата. Во источното полуфинале ќе играат со тимот на Бостон.

Видео : Мајами – Филаделфија 97-91

На западот Оклахома е првиот тим кој обезбеди пласман во полуфиналето. Кевин Дурант постигна 41 поен, додека Ибака имаше девет блока во триумфот над Денвер.

Видео : Оклахома – Денвер 100-97

Рукито Гари Онил со тројката со звукот на сирената го одведе мечот во продолженија и ги спаси мамузите од елиминација во првата рунда. Мемфис води во серијата со 3-2.


Видео : Сан Антонио – Мемфис  110-103