Мајами го совлада Сан Антонио во Тексас во 98:96 и ја израмни серијата во финалето на НБА на 1:1.

Жешките од Флорида до триумфот ги предводеше Леброн Џејмс кој уфрли 35 поени и имаше 10 скока. Најефикасен кај домаќинот беше Тим Данкан со 18 поени.

Финалната серија подобар до четири сега се сели во Мајами, кој е домаќин на следните три натпревари.

OhridNews