Екипата на Мајами Хит е на чекор од титулата во НБА Лигата откако во финалната серија ја забележа третата победа.. “Жешките“ втор натпревар во низа ја искористија предноста на домашен терен совладувајќи ја Оклахома со 104-98.


Во составот на Мајами Хит најефикасен беше Леброн Џејмс со 26 поени, по него следуваа Вејд и Чалмерс по 25. Крис Бош постигна 13 поени и додаде девет скокови.


Најефикасен на мечот беше Весбурк со 43 поени. Кевин Дурант уфрли 28 кошеви но и ова беше премалку да се солвада расположениот тим на Мајами.


Петтиот натпревар во финалната серија од НБА Лигата, Мајами го игра пред своите гледачи. Со евентуален триумф “жешките“ ќе го повторат успехот од 2006 година кога триумфираа во НБА Лигата.

Мх.П.