Мајами Хит од источната против Сан Антонио од западна конференција ќе се сретнат во финалето од НБА лигата.


„Жешките“ за пласман во финалето мораа да одиграат “мајсторка“ со Индијана која им припадна со убедливи 99-77.

Во “мајсторката“ на источната конференција блескаше Леброн Џејмс со 32 поени, а Двејн Вејд постигна 21.


Кошаркарите на Сан Антонио има една недела повеќе за одмор откако во финалето од западната конференција го “збришаа“ тимот на Мемфис Гризлис со чисти 4-0.

Мх.П.