Екипата на Мајами обезбеди пласман во финалето од НБА лигата откако во конференциското финале ја елиминираа Индијана со 4-2.
До четвртата решавачка победа „жешките“ стигнаа пред своите гледачи совладувајќи ги „пејсерси“ 117-92.
Во финалето Мајами Хит ќе го чека подобриот од финалето во западот меѓу Сан Антонио – Оклахома.
Мх.П.