Македонскиот интернационалец Перо Антиќ ќе биде дел од собирот на ѕвездите кој ќе се одржи во Њу Орлеанс.
Антиќ е сврстен во тимот на ѕвездите во подем кои ќе го отвораат „Ол стар“ викендот. Екс репрезентативецот со настапот на Ол стар ќе ја заокружи и тоа како богатата кошаркарска кариера.
Сезонава од Олимпијакос, Антиќ се пресели во Атланта и со својата харизма веднаш стана омилен кај навивачите на „јастребите“.
Мх.П.